Фудбал

Антонио Конте во Јувентус?

Антонио Конте во Јувентус?

Дел од јавноста на Апенините почна да го поврзува Конте со сензационален трансфер во Јувентус на крајот од сезоната, откако великанот од Торино се почесто размислува да се ослбоди од Тиаго Мота после само една сезона на „Алијанц стадионот“.

Јувентус веќе разгледува листа од потенцијални кандидати кои би биле идеални за најсложената функција во првиот тим, но Конте во овој момент самиот реши да се отстрани од истата, посочувајќи дека не планира да влезе во класични „медиумски игри“.

– Мое враќање во Јувентус? Медиумски игри! Немам потреба да одговарам на ова, тоа се класични медиумски игри, чиста уметност која долго се практикува во Италија. Со било кој одговор ќе креирам нешто, таков е трендот во нашата земја и јас нема да влегувам во тие игри, – изјави Конте, кој утрешниот меч против Венеција го оцени како финале на Светско првенство.

– Ни преостануваат уште десет меча до крајот на сезоната и на секој мора да влеземе со идентични мисли. Следен фокус ни е Венеција, мора да гледаме на овој меч како да е финале на Светско првенство, – изјави Конте.

To top