Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ се враќа во Серија А како играч на Лече, објави италијанскиот прволигаш.
По раскинувањето на договорот со турскиот гигант Бешикташ, Ребиќ ја бараше следната дестинација.
Извесен период се зборуваше за негов трансфер во Хајдук каде што ќе го замени Иван Перишиќ, а се споменуваше и интерес на клубови од Германија, Катар и Саудиска Арабија.
Фудбалерот од Сплит има 30 години, а во Лече се надеваат дека ќе може брзо да им помогне, со оглед на тоа што лошо ја започнаа сезоната со порази од Аталанта и Интер и се единствениот тим без освоен бод во највисокото ниво на италијанскиот фудбал.