Фудбал

Ансу Фати се врати во Барселона, но пак се повреди

Ансу Фати се врати во Барселона, но пак се повреди

Ансу Фати се врати во Барселона и сега е подготвен да бара втора шанса кај новиот тренер Ханси Флик.

Талентираниот фудбалер им се приклучи на подготовките на својот матичен клуб, но експресно заработил нова повреда, која доаѓа во најлош момент, односно додека траат подготовките за новата сезона.

Малерозниот Фати го повредил стопалото и сега ќе биде надвор од терените неодредено време, при што Барселона потврди дека проблемот не бара и оперативан зафат.

To top