Фудбал

Ансу Фати прави трансфер во Монако

Ансу Фати прави трансфер во Монако

Монако подготвува големо засилување за настапите во Лигата на шампионите, откако Ансу Фати е блиску до трансфер од Барселона.

Според познатиот италијански новинар, Монако би го ангажирал Фати на позајмица со опција за откуп или процент од идна продажба.

Преговорите се веќе во тек, а самиот фудбалер има желба да се пресели во нов клуб.

Ансу Фати е производ на академијата на Барселона, а една сезона беше на позајмица во Брајтон. Иако во 2020 година, на само 17 години, вредеше околу 80 милиони евра, серија повреди го спречија целосно да го развие својот потенцијал.

To top