Фудбалскиот сојуз на Англија отвори постапка кон Манчестер Сити по ремито со Тотенхем во Премиер лигата (3-3).
Играчите на Сити беа бесни во финишот на натпреварот на судијата на овој меч. Тие го опкружија арбитрот и протестираа за одлуката, а не беа ниту малку благи со своето однесување. Поради тоа сега се најдоа на удар на ФА на Англија, кои известија:
„Манчестер Сити е обвинет за кршење на правилото ФА Е20.1, бидејќи играчите го опкружија судијата во текот на натпреварот од Премиер лигата против Тотенхем. Заклучено е дека во 94 минута од натпреварот, клубот не успеа да ги контролира своите играчи да не се однесуваат недолично“.
Во клубот имаат време за одговор до четврток, меѓутоа може да бидат санкционирани за оваа постапка.