Фудбал

Англија пред Лигата на Нации остана без тројца фудбалери

Англија пред Лигата на Нации остана без тројца фудбалери

Поранешниот селектор фудбалската репрезентација на Англија до 21 година, Ли Карсли го избра својот прв тим откако на кормилото го замени Герет Саутгејт како привремен менаџер.

50-годишникот донесе неколку забележителни одлуки, а ги изостави Маркус Рашфорд, Кајл Вокер, Џејмс Медисон и Адам Вартон. Од друга страна, тој ги вклучи Анхел Гомес, Нони Мадуек и Морган Гибс-Вајт.

Пред дуелот од Лигата на нации против Република Ирска и Финска, тројца играчи беа принудени да се повлечат. Во вторникот вечерта, Фудбалската асоцијација на Англија објави соопштение:

– Кол Палмер, Оли Воткинс и Фил Фоден нема да играат на претстојните натпревари на Англија во Лигата на нации. Тимот се собра к во вторникот, но, по проценката, Палмер и Воткинс се вратија во нивните соодветни клубови за да продолжат со рехабилитацијата од постоечките проблеми. Фоден не се појави поради болест и е исклучен од натпреварите против Република Ирска и Финска. Во моментов не се планирани дополнителни играчи – објави ФА.

To top