Фудбал

Англија е вториот финалист на ЕП во Германија

Англија е вториот финалист на ЕП во Германија

Англиската репрезентација е вториот финалист на Европското првенство 2024. „Гордиот Албион“ со пресврт ја совлада со 2-1  селекцијата на Холандија во Дортмунд и го закажа финалето против Шпанија.

Холандија подобро го започна натпреварот и поведе по седум минути со прекрасниот гол на Чави Симонс, кој му ја одзеде топката на Рајс и со силен удар го совлада Пикфорд.

Англичаните брзо одговорија и израмнија во 18. минута од пенал кој го доби и го реализира Хари Кејн.

До крајот на првото полувреме имаше само една екипа. Англија го прикажа најдобриот половина час од почетокот на турнирот и создаде неколку добри шанси.

Фоден имаше две шанси, но беше сопрен прво од Дамфиерс, а потоа ја погоди стативата. Сè на сè, гледавме одлично прво полувреме, веројатно најдоброто досега на ЕП 2024.

Фудбалерите на Шпанија во вторникот со пресврт ги победија Французите со 2:1 и станаа првите финалисти на Европското првенство во Германија.

Финалето е закажано в недела на 14 јули во Берлин.

 

To top