Фудбалерите на Англија кои ќе учествуваат на Еуро 2024 година во Германија нема да ги користат своите профили на социјалните мрежи за време на траењето на турнирот.
Според извештаите на Дејли Меил, играчите на Герет Саутгејт ќе останат подалеку од социјалните мрежи за целото Европско првенство за да избегнат одвлекување на вниманието, особено онлајн злоупотреба од навивачите.
Додека „затемнувањето“ е доброволно, играчите се советувани како безбедно да ги користат социјалните мрежи доколку сакаат. Хари Кејн и Деклан Рајс се двајца кои ќе ги одржуваат тивки своите социјални мрежи.
Ѕвездите на „Гордиот албион“ добија 1546 злоупотреби преку Интернет за време на групната фаза на Светското првенство во фудбал во 2022 година и 12.500 за време на минатогодишното Европско првенство, кога Англија го загуби финалето од Италија на Вембли.
Според извештајот на ФИФА, по поразот од Франција со 2-1 и последователната елиминација во Катар забележан е пораст на злоупотребата на интернет од 38%, што е највисоко од било кој натпревар на турнирот.
Исто така, не се забораваат навредите што ги доби девојката на Деклан Рајс на интернет, само затоа што ги немала стандардите на „модел“.
Социјалните медиуми се можност, но честопати и одвлекување на вниманието или место полно со зло. Англија, пак, цели кон освојување на Европското првенство.