Фудбал

Анчелоти: За Реал Мадрид заврши овој преоден рок

Анчелоти: За Реал Мадрид заврши овој преоден рок

Тренерот на актуелниот европски и шпански шампион Реал Мадрид, Карло Анчелоти, објави дека клубот нема да прави повеќе трансфери оваа лето откако „кралевите” ги привлекоа Килијан Мбапе и Ендрик.

„Составот е тој. Ваљехо се врати, Алаба се опоравува. Имаме млади играчи Жоан Мартинес, Јакобо Рамон и Раул Асенсио. Нема да има заминувања, бидејќи секој сака да остане“, изјави италијанскиот стратег.

„Вистината е дека не сум загрижен, бидејќи имаме извонреден состав и тоа важи за сите позиции. Мбапе ни се приклучи, што е фантастично. Немаме многу време да се подготвиме за првите натпревари, но играчите ќе дојдат во добра форма. Тие имаат програма која започнува 15 дена пред нивното пристигнување. Најважната работа е одморот. Целата група ќе биде на линија на седмиот ден”, објасни Анчелоти.

„Крос ни недостасува, но имаме опции да го замениме. Немаме играч како него, бидејќи тој имаше големи квалитети, но имаме многу други играчи. Каде ќе игра Белингам? Колку е поблиску до казнениот простор, толку подобро. Ги имаме и Модриќ, Чуамени, Валверде”, истакна тренерот на Реал Мадрид.

To top