Фудбал

Анчелоти: За нас преодниот рок е завршен

Анчелоти: За нас преодниот рок е завршен

Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти не сака повеќе нови играчи во пресрет на новата сезона.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти реши да не доведува нови играчи во овој преоден рок:

„Нема да донесеме нови играчи во последен момент на ниту една позиција, ниту на позицијата стопер. За нас преодниот рок е завршен“, изјави тренерот на мадридскиот клуб.

„Тоа не е ризик. Имаме добри играчи како Асенсио, Јакоб и Чуамени кои можат да помогнат на таа позиција“, изјави Анчелоти.

To top