Фудбал

Анчелоти за Белингем: Ме потсетува на еден друг играч

Анчелоти за Белингем: Ме потсетува на еден друг играч

Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти уште еднаш испрати голем број комплименти на адресата на својата нова ѕвезда -Џуд Белингем.

Англискиот фудбалер е вистински хит оваа сезона, тој е движечката сила на Реал и Анчелоти беше запрашан на кој голем играч го потсетува. Иако многумина го споредуваат со Ди Стефано, Јохан Кројф или Зинедин Зидан, Анчелоти смета дека не се работи за некој од тие тројца, туку за играч кој имал можност да го тренира.

„Не сум гледал како игра Ди Стефано. Ги гледав Кројф и Зидан, а со Белингем сум изненаден како кога првпат го видов Кака како игра. Има нешто од Кака во него. Не велам дека се исти, но тие имаат заеднички работи“, смета Анчелоти.

To top