Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти одговори на прашање за можниот трансфер на напаѓачот Килијан Мбапе. Напаѓачот на ПСЖ на лето ќе стане слободен играч.
– Ова не е тема што ме интересира во моментов. Имаме уште многу да направиме. Игравме денеска и сега е време да ја прославиме титулата со нашите навивачи. После ова ќе имаме уште многу натпревари. До 1 јуни имаме многу за размислување, изјави Анчелоти за „Real France“.
Французинот најави заминување од ПСЖ во петок на 10 мај. 25-годишниот играч ќе го напушти тимот како слободен играч.
Со голема веројатност, следната дестинација на Мбапе ќе биде Реал Мадрид.