Легендарниот тренер Карло Анчелоти во летото минатата година си замина од Реал Мадрид, за да прифати нов предизвик, а тоа е да стане селектор на Бразил.
Анчелоти успешно ги заврши квалификациите за пласман на СП 2026 и сега се подготвува за настап на Мундијалот со петкратниот светски првак.
„Да, ќе го продолжам договорот со Бразил на уште четири години. Тоа е нова работа и навистина ми се допаѓа“, рече Анчелоти, кој треба да остане на чело на Бразил до јуни 2030 година.