Фудбал Светското првенство 2026

Анчелоти со поддршка за повредениот Родриго

Со тебе сме на секој чекор од твојот камбек. Остани силен, Родриго, напиша Анчелоти.

Анчелоти со поддршка за повредениот Родриго

Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, изрази поддршка за напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго, кој е повреден.

Вчера беше објавено дека на 25-годишниот Бразилец му е дијагностициран скинат преден вкрстен лигамент на десното колено и латерален менискус.

– Со тебе сме на секој чекор од твојот камбек. Остани силен, Родриго, напиша Анчелоти на социјалните мрежи.

Фудбалерот ќе го пропушти остатокот од сезоната и Светското првенство 2026.

Во тековната сезона, Родриго одигра 27 натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и шест асистенции.

To top