Фудбал

Анчелоти: Одговоривме добро по примените голови

Анчелоти: Одговоривме добро по примените голови

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги искажа своите импресии по синоќешното реми со Манчестер сити во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

– Двата тима навистина се бореа до крај. Реми во многу тесна борба. Додека вршевме притисок врз противникот изгледавме многу добро. Колку што можевме, се обидовме да ја искористиме секоја прилика за брзо да тргнеме во напад. Оговоривме многу добро по примените голови и во првото и во второто полувреме. Прашањето за вкупниот победник е отворено. На реваншот ќе биде уште потешко. И двата тима имаат исти шанси да одат понатаму, изјави Анчелоти за шпанските медиуми.

Реваншот ќе се одигра на 17 април, во Манчестер на стадионот „Етихад“

To top