Реал Мадрид на хартија делува незапирливо оваа сезона, а со купувањето на Килијан Мбапе само го засили и онака силниот тим. Карло Анчелоти не сака повеќе нови играчи.
„Галактикосите“ се исклучително моќни во нападот, но изгледа како да недостига уште еден стопер за да се комплетира ротацијата и да се подготват за можни проблеми со повреди.
Тренерот на Реал, Карло Анчелоти сепак не сака да доведува нови играчи во овој преоден рок:
-Нема да донесеме нови играчи во последен момент на ниту една позиција, ниту на позицијата стопер. За нас преодниот рок е завршен, изјави тренерот на мадридскиот клуб.
Ситуацијата со стоперите изгледа како ризик, особено ако се земе предвид дека Давид Алаба има проблеми, а дека Едер Милитао неодамна имаше сериозна повреда.
Сепак Анчелоти е сигурен во својата одлука.
-Тоа не е ризик. Имаме добри играчи како Јакоб и Чуамени кои можат да помогнат на таа позиција, изјави Анчелоти.