Избраниците на Карло Анчелоти се под голем притисок откако не успеаја да победат на последните две средби.
Реал не успеа да ги победи Мајорка и Лас Палмас и веќе заостанува четири бода зад Барселона, но тренерот Карло Анчелоти вели дека воопшто не е загрижен поради негативата на табелата.
– Не сме среќни, но не поради четирите бода заостанување, туку затоа што не игравме добро. Сезоната е долга и оваа разлика не значи ништо, сигурно дека ќе се бориме до крајот, – изјави Анчелоти.