Актуелниот европски и шпански шампион Реал Мадрид имаше лош старт на новата сезона во Примера каде кралскиот клуб одигра само 1-1 на гостувањето кај Мајорка.
По натпреварот видно изреволтиран и незадоволен беше првиот тренер на екипата Карло Анчелоти.
„Ова не беше добар натпревар, треба да имаме повеќе баланс на теренот. Треба да се браниме подобро. Минатата сезона бев среќен со некои нерешени резултати, денеска не сум. Требаше да одиграме многу подобро“, изјави Анчелоти.
„Не сакам да барам изговори. Требаше да бидеме подобри. Можевме и да загубиме. Можеме да научиме многу од овој натпревар бидејќи се виде јасно каде може да имаме проблеми“.