Фудбал

Анчелоти и Винисиус среќни по победата над Борусија.Д

Анчелоти и Винисиус среќни по победата над Борусија.Д

Победата на Реал  Мадрид има посебно значење затоа што европскиот шампион губеше со 0:2 на полувреме, но со фуриозна игра во второто полувреме стигна до убедлива победа.

Многумина се чудеа како Реал направи трансформација за само 10-15 минути, а Винисиус објави кои совети ги добил  од Анчелоти.

„Најважно е тоа што веруваме во себе. На нашиот стадион, пред начите навивачи, се е можно“, рече Винисиус, кој додаде кој совет го добиле од тренерот Карло Анчелоти пред почетокот од вториот дел. На полувреме губевме со два разлика, а кога влеговме во соблекувалната се беше тивко. Потоа во еден момент, во соблекувална влезе тренерот Анчелоти. Тој веднаш започна да ги бодри и ни кажа дека ако брзо дадеме гол, ќе следува и втор погодок за брзо време“, вели Винисиус.

Среќен по мечот беше и тренерот Карло Анчелоти:

„На поливремето реков дека мора да дадеме барем три гола. Можеби звучеше како утопија, но разговаравме, потенцирав дека треба да ги освојуваме дуелите, да започнеме од малите работи. Моравме да ја промениме динамиката за да победиме“, рече Анчелоти.

To top