Фудбал ништо од најавената промена

Анчелоти ги одби милионите од Саудиска Арабија

Управата на Реал во текот на летниот преоден рок се надева дека ќе му ја исполни желбата на Анчелоти со евентуалниот ангажман на Килијан Мбапе.

Анчелоти ги одби милионите од Саудиска Арабија

Италијанскиот фудбалски тренер Карло Анчелоти по вторпат во период од еден месец одлучи да одолее на милионската понуда од Саудиска Арабија, пренесува шпански „АС“.

Популарниот Дон Карло решил дека најдобро за него е да ја прифати понудата на Флорентино Перез и да остане во Реал Мадрид уште најмалку две сезони.

Анчелоти има договор со „кралевите“ до крајот на оваа сезона, но се очекува наскоро да ја продолжи соработката со најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите до јуни 2025 година.

Управата на Реал во текот на летниот преоден рок се надева дека ќе му ја исполни желбата на Анчелоти со евентуалниот ангажман на Килијан Мбапе.

To top