Италијанскиот стратег Карло Анчелоти е пресреќен поради големиот успех и покрај тоа што има замерки за играта на неговите фудбалери во првиот дел.
Реал Мадрид може да биде среќен што немаше негатива по првите 45 минути, но кралскиот клуб се разбуди во вториот дел и со голови на Карвахал и Винисиус дојде до 15. трофеј за европски шампион.
„Беше многу потешко отколку што мислевме дека ќе биде. Во првото полувреме страдавме, во второто губевме помалку топки, игравме подобро, но сите тие детали се неважни сега. Победивме, го освоивме трофејот, сонот продолжува“, вели Анчелоти.
„Не ми се допадна нивото во првото полувреме како игравме. Премногу често ја губевме топката и тоа на погрешни места. Дозволивме Дортмунд да игра на начинот на кој сакаат тие. Да форсираат да правиме грешки и да играат транзиција. Тие се најдобри во тоа“.