По пауза од осум години Манчестер Јунајтед ќе се бори за европски трофеј, и тоа повторно во Лигата на Европа. Стадионот „Сан Мамеш“ ќе биде домаќин на последниот натпревар од второто по ранг натпреварување на УЕФА, а противник на „ѓаволите“ ќе биде премиерлигашкиот ривал Тотенхем.
„Добро е што скоро сите сакаат да играат финале и освен Де Лихт останатите конкурираат за место во стартниот тим. Трофејот од Лига Европа не може да ни ја спаси сезоната, но може да ни ја подобри иднината. За да ги задржиме играчите мора да играме во Лигата на шампионите. Манчестер Јунајтед е голем бренд и местото му е во елитата.
Против Атлетик Билбао игравме максимално, а потоа штедевме и одмаравме фудбалери за ова финале. Добро е што имавме доста време да го подготвиме ова финале. Против Челзи покажавме дека сме спремни за овој натпревар, посебно ако сме фокусирани. Мојата концентрација е како да бидеме подобри од претходните два натпревари со Тотенхем, кои ги загубивме. Не размислувам за пенали, туку како да почнат најдобрите единаесет фудбалери и кои ни се ресурсите од клупата. Сакам да испратам порака дека сакаме победа во регуларниот тек“, рече тренерот на Манчестер Јунајтед Аморим.