Шпанскиот фудбалер Алваро Мората во пресрет на полуфиналето на Европското првенство даде изјава со која не криеше дека размислува за крај на репрезентативната кариера.
„Во фудбалот ништо не е невозможно, но понекогаш ми е тешко поради силните критики во Шпанија. Овој турнир сакам да го завршам на најдобар можен начин бидејќи ми е последен во дресот на репрезентацијата. Би можел да се простам по Европското првенство. Тоа можност, но не би сакал сега премногу да зборувам за тоа“, изјави Мората.