Алваро Мората може да го пропушти дуелот со Калјари, бидејќи последната ноќ ја поминал во болница во Милано.
Фудбалерот на Милан заработил сериозен удар по воздушен судир со соиграч на тренинг на „росонерите“ и итно бил префрлен во болница за да бидат направени комплетни прегледи.
За среќа, шпанскиот фудбалер минал без последици од силниот удар, но клубот и лекарскиот тим се договориле тој да остане во болница барем до денеска, кога ќе биде појасно кога ќе може да продолжи со извршување на своите професионални обврски.
Проблемот на Мората веројатно нема да биде причина тој да ги пропушти следните натпревари на шпанската репрезентација, нешто што треба да биде потврдено од селекторот Луис де ла Фуенте во текот на денешниот ден.