Фудбал

Алонсо: Се обидуваме да доминираме

Алонсо: Се обидуваме да доминираме

Екипата на Реал Мадрид синоќа на свој терен одработи уште една задача. Беше на висина на истата.

Обезбеден е триумф против тимот на Виљареал со 3:1, во кој Винициус постигна два гола, а и Мбапе се запиша во листата на стрелците.

Тренерот Чаби Алонсо со свое видување по дуелот во кое ја објасни играта на тимот како и тоа како треба истиот да се однесува на терен во иднина.

„Се чувствувам навистина добро. Натпреварот беше многу тежок и игравме со сериозна решителност и упорност. Многу добра победа“,започна Алонсо.
„Секогаш имаме ист пристап: се обидуваме да доминираме и да играме што е можно повисоко. Мора да играме како тим и да дејствуваме енергично. Имавме неколку навистина добри моменти“, рече Алонсо, а потоа даде информација околу повредите во тимот.
„Килијан Мбапе чувствуваше болка во глуждот, ќе видиме што ќе се случува. Франко Мастантуоно има истегнување на тетивата“, додаде Алонсо.

Теми на денот

To top