Фудбал Реал Мадрид

Алонсо: Сакам тимот да пренесува емоции, да игра амбициозно и да се поврзува со луѓето

-Го гледам тоа како можност, од една страна, да се движиме напред во процесите, а од друга страна, да се бориме за уште еден пехар. Ова е првото Светско клупско првенство во овој формат, амбицијата е тука, порача Алонсо.

Алонсо: Сакам тимот да пренесува емоции, да игра амбициозно и да се поврзува со луѓето

Чаби Алонсо ја одржа својата прва прес-конференција како тренер на Реал Мадрид. Претходно во текот на денот, тој потпиша договор, кој е за три сезони.

Светскиот шампион официјално ќе започне со работа на 1 јуни и ќе го предводи тимот на Светското клупско првенство во САД, каде што првиот натпревар на тимот е на 18 јуни.

На прашањето како ќе игра неговиот Реал Мадрид, Алонсо изјави дека денешниот фудбал бара да бидете флексибилни и динамични.

-Потребно е да можете да ги поместувате парчињата. Имам идеја како сакаме да играме, но фиксната шема може да се промени. Сакам тимот да пренесува емоции, енергија, да игра амбициозно и да се поврзува со луѓето. Симбиозата што ја бараме е од суштинско значење за оваа фаза да започне добро. Сакам да го развијам потенцијалот на секого, за да ги поврзам парчињата, изјави Шпанецот.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Во однос на тоа зошто одлучил да пристигне пред Светското клупско првенство, новиот тренер на „лос бланкос“ вели дека околностите се одвивале на тој начин.

-Го гледам тоа како можност, од една страна, да се движиме напред во процесите, а од друга страна, да се бориме за уште еден пехар. Ова е првото Светско клупско првенство во овој формат, амбицијата е тука, порача Алонсо.

Истакна дека направил анализа за тоа како играл тимот, какви се играчите и тоа ќе го искористи како основа за неговите идеи.

-Тренерите зависат од играчите и мислам дека имаме играчи на многу високо ниво. Предизвикот е да се направи тим, да се искористи потенцијалот на овие играчи и сите да одат во иста насока, изјави тренерот на Реал Мадрид. (МИА)

To top