Фудбалската репрезентација на Македонија полека се комплетира пред првиот натпревар од Лигата на Нации.
Пред мечот со Фарски Острови на гостински терен зборуваше Исник Алими.
„Немаме веќе пријателски натпревари, сега ни следи сериозното, тоа е Лигата на нациите. Мора да победуваме. Патуваме на гости, ќе биде тешко како и на секој меч. Секоја репрезентација сега игра фудбал. Но, ние знаеме што треба да направиме. Имаме само една цел, тоа се трите бода. Имаме добар тим и играчи кои играат во добри лиги. Треба да ја играме нашата игра, да ја држиме топката и да даваме голови за да победиме, тоа е најважно. Не е исто да играш со големо име или со Фарски Острови, затоа што лесно се мотивираш за поголемите, а селекции како Фарски Острови се бранат и нема многу простор во последните триесет метри. Но, ние треба да сме брзи, да создадеме шанси и ако дадеме побрзо гол, ќе биде полесно за нас“, изјави Алими.