Македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски го постигна својот прв гол во дресот на Хајдук во натпреварувачката 2024/2025.
Александар Трајковски доби шанса во второто полувреме на средбата со Локомотива, минути кои ги искористи и во 81 минута донесе водство за клубот од Сплит.
Гостите ја имаа оваа предност се длабоко во судиското продолжение која Чоп со прецизен удар од 11 метри ги постави конечните 1-1.
Хајдук има четири бода по две кола во домашниот шампионат, во наредното коло се соочува со Вараждин на „Пољуд“.
— HNLGoals (@HnlGoals) August 11, 2024