Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, го пофали ветеранот Лука Модриќ за неговото огромно влијание во соблекувалната, но призна дека иднината на Хрватот на Сан Сиро останува нејасна. Ветеранот кој има 40 години, има активен договор со Росонерите кој истекува во јуни, но клубот има опција да го продолжи до 2027 година, што ќе се активира само со согласност на играчот.
Следниот предизвик за Милан ќе биде дуелот против Торино во Серија А, а тренерот Алегри не штедеше збодови за пофалба ма освојувачот на Златната топка:.
„Лука донесе квалитет не само технички, туку пред сè на човечко и професионално ниво, особено за помладите играчи. Неверојатно е да се види 40-годишен играч со таква страст и љубов кон она што го прави.
Тоа создава ентузијазам и носи позитивност во целата средина“, рече Алегри. И покрај неговата клучна улога оваа сезона, Алегри нагласи дека се чека Модриќ да одлучи дали ќе го продолжи договорот за уште една година.