Италијанскиот фудбалски клуб Јувентус доживеа пораз на гостувањето кај Лацио со гол на Адам Марушиќ во 93 минута од мечот. „Старата дама“ загуби драгоцени поени, а моментално е на третото место на табелата во Серија А.
Тренерот Макс Алегри верува дека до крајот на шампионатот целта ќе биде исполнета – местото во ЛШ ќе биде обезбедено.
„Ќе обезбедиме пласман во ЛШ, дури тоа да биде во последното коло. Статистиката вели дека не сме играле добро. За среќа, имаме висока предност во однос на петтопласираниот“, изјави Алегри за „ДАЗН“.