Фудбал

Ал-Хилал нуди 400 милиони евра за Винисиус Жиниор

Ал-Хилал нуди 400 милиони евра за Винисиус Жиниор

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор е голема желба на Ал-Хилал, шампионот на Саудиска Арабија.

Челниците на овој клуб и на саудиската лига, на Реал Мадрид му понудиле 400 милиони евра отштета за да го купат Бразилецот.

Тоа е речиси двојно повеќе од актуелниот светски рекорд за најскап трансфер кој сѐ уште го држи ПСЖ за ангажманот на Нејмар, кога плати 222 милиони евра.

Саудијците директно разговарале со генералниот менаџер на Реал Мадрид, Хозе Анхел Санчез и му ја соопштиле понудата. Сепак, тој ги информирал дека откупната клаузула на Винисиус е една милијарда евра.

To top