Фудбал

Адриен Рабио се уште преговара со Манчестер Јунајтед

Адриен Рабио се уште преговара со Манчестер Јунајтед

Францускиот фудбалер Адриен Рабио се уште е без клуб. Заинтересирани за услугите на Рабио има, но проблем прават високите барања кои ги поставува неговата мајка која му е и агент.

Последните информации се дека Рабио сега води преговори со Манчестер Јунајтед. Не е првпат Французинот да се поврзува со гигантот од „Олд Трафорд“, се пишуваше за ваква опција и минатата година, но тогаш беше и под договор со Јувентус.

Наводно во овие преговори Рабио е спремен да направи отстапки и да ги спушти барањата за конечно да почне да игра фудбал.

To top