Динамо Загреб е во потрага по нов тренер. Сергеј Јакировиќ доби отказ од клупата на хрватскиот фудбалски великан. По точно 60 натпревари, 47-годишниот тренер нема повеќе да работи во клубот од „Максимир“. Ремито со Риека и поразот од Хајдук во домашниот шампионат, како и историскиот пораз од Баерн во Лигата на шампионите беа премногу за управата на клубот да не донесе ваква одлука.
Јакировиќ на клупата на „сините“ забележа вкупно 41 победа, со девет нерешени и десет порази. Динамо успешно го водеше до двојната круна, но во последната сезона често пати беше критикуван за недоволно офанзивниот стил на игра и споменатите лоши резултати во домашниот шампионат.
Со оглед на тоа дека Динамо го очекува жесток ритам на првенствени и натпревари од Лигата на шампионите во наредните недели и месеци, управата мора брзо да најде нов тренер.
Досега како потенцијални замени се споменуваа поранешниот тренер на Динамо, Ненад Бјелица и до неодамна предводникот на Ријека, Жељко Шопиќ, кои во моментов се без ангажман. Се појави и името на поранешниот селектор на Хрватска Нико Ковач, но тешко веројатно дека некогашниот тренер на Баерн Минхен ќе пристигне во Загреб.