Фудбал

400.000 навивачи на Борусија Дортмунд бараат билети за финалето на Вембли

400.000 навивачи на Борусија Дортмунд бараат билети за финалето на Вембли

Германските медиуми денеска соопштуваат дека на адреса на Борусија Дортмунд, пристигнале барања од дури 400.000 навивачи за финалниот меч во Лигата на шампоните кој ќе се игра на „Вембли“.

На најголемиот англиски стадион се очекуваат околу 86.000 гледачи да го следат финалниот меч, а на секоја од екипите им следува по 30% од капацитетот на стадионот, што значи дека околу 25.000 гледачи ќе има од секоја екипа, додека другите билети ќе ги добијат останатите ВИП личности и спонзори и гости на УЕФА.

To top