ТВ и Филм нови сезони

Сагата на семејството Шелби продолжува: Нетфликс со бомбастична најава за „Peaky Blinders“

Сагата на семејството Шелби продолжува: Нетфликс со бомбастична најава за „Peaky Blinders“

Нетфликс објави дека нарачал две сезони од по 6 епизоди од продолжението на хит серијата „Peaky Blinders“, од креаторот на серијата Стивен Најт.

Според стриминг гигантот, приказната се одвива во Британија во 1953 година.

– Откако бил силно бомбардиран во Втората светска војна, Бирмингем гради подобра иднина од бетон и челик – продолжува описот, дополнително алудирајќи дека „трката за поседување на масовниот проект за реконструкција на Бирмингем станува брутална конкуренција од митски размери“.

– Ова е град со невидени можности и опасности, со семејството Шелби во неговото крваво срце – се додава во описот.

Нетфликс во соопштение за медиумите изјави дека продолжението ќе се одвива по настаните видени во играниот филм „Peaky Blinders“, кој моментално е во постпродукција, во кој ѕвездата на филмот и добитник на Оскар, Килијан Марфи, ја повторува својата улога како Томи Шелби.

Новата серија ќе се снима во студијата Digbeth Loc во Бирмингем, а Меарфи ќе биде еден од извршните продуценти на новата серија.

Најт го изрази својот ентузијазам за новата серија, пренесува CNN.

To top