ТВ и Филм

Познато кога филмот на Бред Пит за Формула 1 ќе пристигне во кината

Познато кога филмот на Бред Пит за Формула 1 ќе пристигне во кината

Филм снимен на тема Формула 1, со легендарниот холивудски актер Бред Пит, ќе пристигне во кината во јуни следната година.

Во филмот, Пит го игра Сони Хејс, ветеран во Ф1, кој е вратен од неговиот пријател и сопственик на тимот APXGP (Хавиер Бардем).

Всушност, станува збор за целосно измислен 11-ти тим кој „никогаш не освоил бод“ во спортот.

Задачата на Хејс е да му помогне на младиот возач Џошуа Пирс, кој го игра Демсон Идрис. Во актерската екипа се и Кери Кондон, Тобијас Менцис, Сара Нилс, Ким Бодниа и Самсон Кајо.

Режисер на филмот е Џозеф Косински, кој го напиша и хитот „Top Gun: Maverick“, а продуценти се Џери Брукхајмер и Чад Оман. Сценарист е Ерен Кругер.

Влијание имаше и компанијата Dawn Apollo Films, која е во сопственост на актуелниот Ф1 возач Луис Хамилтон, додека седумкратниот шампион придонесе филмот да биде што пореален.

Снимањето се одвиваше и за време на тркачките викенди на „вистинската“ Формула 1, а продукцијата ќе продолжи за време на тркачкиот викенд во Силверстоун во јули и на некои други трки до крајот на тековната сезона.

To top