ТВ и Филм Фествалот „Камеримиџ“

Озлогласениот филм „’Рѓа“ со Алек Болдвин го доби првиот трејлер

Пред повеќе од три години снимателката Халина Хачинс беше несреќно убиена на снимањето, по пукањето на Болдвин со пиштол, а режисерот Џоел Соуза беше ранет.

Озлогласениот филм „’Рѓа“ со Алек Болдвин го доби првиот трејлер

Филмот со Алек Болдвин, „’Рѓа“ (Rust) го доби својот прв официјален трејлер. Филмот, по сите контроверзии и озлогласености, на 2 мај годинава доаѓа во киносалите ширум светот, објави „Пипл“ (People).

Пред повеќе од три години снимателката Халина Хачинс беше несреќно убиена на снимањето, по пукањето на Болдвин со пиштол, а режисерот Џоел Соуза беше ранет.

Трејлерот го следи Болдвин во улогата на одметникот Харланд Раст. Сместена во 1880-тите, приказната следи момче-сирак, кое го глуми Патрик Скот Мекдермот, кој е осуден на смрт откако случајно убил човек… Во остварувањето глумат и Тревис Фимел, Френсис Фишер, Џејк Бизи и други.

Инаку, филмот првпат беше прикажан на Фествалот „Камеримиџ“ во Полска, во ноември. На ИМДБ, првите 216 гледачи го оцениле со 4,3 / 10.

To top