ТВ и Филм позитивни коментари

Ова е моментално најгледаната серија на Нетфликс

Во првата недела на стриминг платформата има 81 милион часа гледање со вкупно 12 милиони прегледи.

Ова е моментално најгледаната серија на Нетфликс

Серијата „The Gentlemen“ е на првото место на најгледаните на Нетфликс на глобално ниво. Позитивните коментари само се нижат, а гледачите дури и ја окарактеризираа како најдоброто нешто што стриминг сервисот го има произведено во последно време.

„The Gentlemen“ е голем хит, а криминалната серија скокна на врвот на глобалната листа на најгледани на стриминг платформата. Заплетот го следи Едвард Хорниман, отуѓениот син на англиски аристократ кој, по смртта на неговиот татко, неочекувано наследува имот од 15.000 хектари и титулата војвода, додека истовремено се наоѓа себеси вклучен во криминалното подземје на Лондон.

Во првата недела на стриминг платформата има 81 милион часа гледање со вкупно 12 милиони прегледи.

Има резултат од 75 отсто на Rotten Tomatoes и 51 отсто на Metacritic. Серијата има оцена од 7,8 на IMDb и вкупно резиме на Google за оценките на публиката од 4,5 од 5.

Теми на денот

To top