Познати се уште неколку подробности за долгоочекуваниот филм во којшто Бред Пит го глуми Формула 1 возачот Сони Хејс. Сè уште нема официјален трејлер за филмот, но во пресрет на Големата награда на Велика Британија на „Силверстоун“, на официјалната интернет-страница на Формула 1 беше објавен насловот, како и првичен кус трејлер.
Филмот е наловен „Ф1“, а во кината би требало да се приажува од летото 2025 година.
Филмските права ги купи „Епл“. Филмот ќе го режира Џозеф Косински, режисерот на „Топ Ган 2“, а главни продуценти ќе бидат Џери Брукхајмер и седумкратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон. Последните податоци велат дека буџетот надминал 300 милиони американски долари, со што овој спортски филм е меѓу десетте најскапи филмови во историјата.
Филмот зборува за возачот Сони Хејс кој морал да се пензионира по тешка несреќа. Неколку десетлетија подоцна, тој „се враќа во игра“ и со помлад колега-возач се натпреварува против најсилните во тимот.