ТВ и Филм

НЕ Е КРАЈ: Нетфликс со две нови серии за „Peaky Blinders“

НЕ Е КРАЈ: Нетфликс со две нови серии за „Peaky Blinders“

Еден од проектите ќе се фокусира на ликот на Дјук Шелби, синот на Томас Шелби, кој ќе го толкува Џејми Бел. Ликот на Дјук за првпат беше претставен во последната сезона од оригиналната серија, а во новиот проект тој ќе биде во центарот на приказната.

Заплетот на оваа серија е сместен во повоениот период, неколку години по настаните од оригиналната серија, и ќе го следи подемот на Дјук и неговата улога во понатамошниот развој на криминалната империја на семејството Шелби.

„Воодушевен сум што објавувам нова ера на „Peaky Blinders“, преместувајќи ја приказната во повоениот Бирмингем во раните 1950-ти“, изјави Стивен Најт, креатор и сценарист на серијата и филмот.

„Неверојатно сме среќни што Џејми Бел ја презема улогата на Дјук, најстариот син на Томи Шелби, и што неверојатниот Чарли Хитон исто така ја предводи екипата. Наскоро ќе има повеќе возбудливи најави за екипата, а Пики се враќа на пат.“

Што се однесува до втората сезона, не се откриени премногу детали за заплетот, освен дека и таа е сместена во текот на 1950-тите.

Оригиналната серија „Peaky Blinders“ се емитуваше од 2013 до 2022 година и доби голема популарност низ целиот свет. Пред неколку дена беше објавен филмот „Peaky Blinders: The Immortal Man“.

Најнови вести од ТВ и Филм

To top