Иако сега важи за еден од најдобрите актери на својата генерација, двократниот оскаровец Џин Хекман понекогаш одбива да ги гледа сопствените филмови затоа што е несигурен во своите изведби.
Хекмен ја започна својата кариера како спореден актер во холивудските продукции во 1960-тите, додека не ја доби главната улога во култниот криминалистички филм Бони и Клајд во 1967 година, што му донесе номинација за Оскар и го претвори во ѕвезда.
И покрај неговиот успех, Хекмен понекогаш добиваше негативни коментари во врска со неговиот талент и актерска изведба. Според Far Out, наставник по глума дури и му рекол дека никогаш нема ништо да биде од него во светот на глумата.
Затоа, не е изненадувачки што оскаровецот понекогаш е премногу критичен кон сопствената работа. Еден од филмовите што одбива да ги гледа од истата причина е познатиот Unforgiven од 1992 година, во режија и со Клинт Иствуд во главната улога.
Филмот го следи остарениот пиштолџија и поранешен одметник Вил (Иствуд), кој го напушта светот на криминалот за да се посвети на своите деца по смртта на неговата сопруга.
Вил треба да ги фати и изведе пред лицето на правдата каубоите кои осакатија проститутката, но шерифот, кој го игра Хекмен, му застанува на патот.
-Се сомневам дека некогаш ќе го гледам тој филм. Премногу сум несигурен да се мачам да ги гледам моите изведби. Наградите се убави, а убавите куќи кои доаѓаат со успешна кариера, признанијата и сето тоа – но единствената причина поради која сум во овој бизнис е возбудата што ја добивам кога правам успешна сцена, рекол еднаш Хекман.
Покрај Хекмен и Иствуд, главната актерска екипа на вестернот „Unforgiven“ се Морган Фримен и Ричард Харис, а сценарист на филмот е Дејвид Веб Пиплс. Филмот имаше огромен финансиски успех – заработи 159 милиони долари со буџет од 14,4 милиони долари.
Дополнително, беше пофален од критичарите и освои четири награди Оскар, вклучувајќи го и Оскар за најдобра споредна машка улога, која му беше доделена на Хекмен.