Францускиот актер Лукас Браво, кој е најпознат по улогата на Габриел во популарната серија на Нетфликс, „Емили во Париз“, не е сигурен дали сака да се појави во петтата сезона од серијата.
Оваа година излезе четвртата сезона, во која во животот на ликот Емили (Лили Колинс) се појави нова љубов, италијанскиот претприемач Марсело.
Многу фанови беа разочарани од начинот на кој се однесуваше ликот на Габриел, а се чини дека нивното мислење го дели и самиот актер.
Во неодамнешното интервју за IndieWire, тој го изрази своето незадоволство од насоката во која се развива неговиот лик и зборуваше за тоа како ја преиспитува својата одлука да учествува во петтата сезона од серијата.
-„Секси“ готвачот во првата сезона беше голем дел од мене, а подоцна се повеќе се одалечувавме од изборите кои Габриел ги носи и насоката во која го водат. Никогаш не бев толку различен од него како сега, коментираше Браво и додека дека од Габриел направиле дека е „помалку несвесен за својата околина“ и дека „постојано е прикажан како жртва“.
Браво смета дека ликот на Габриел во моментов е манипулација за сите, поради што снимањето на серијата повеќе не му е возбудливо.
-Снимањето престана да ми биде забавно кога гледам како ликот, кој толку многу го сакам, и кој ми донел толку многу, полека се претвора во нешто безлично. Не може многу да се направи во органичувањата на сценариото. Со години се обидувам да внесам нијанси, но немаме многу слобода на сетот. Не можеме да промениме ниту збор, ниту емоција. Они точно знаат што сакаат, а ние само мораме да се прилагодиме. Затоа се прашувам дали сакам да бидам дел од петтата сезона, договорот ми завршува со четвртата сезона. Навистина сакам да видам дали Габриел ќе се врати на својата забавна и разиграна страна. Тоа е комедија, сите околу мене се забавуваат, а јас полека тонам, ги раскажува своите големи фрустрации Лукас.