ТВ и Филм интересно

Кијану Ривс не бил првиот избор за „Матрикс“, овој познат актер ја одбил улогата

Но, тоа што не глумеше во „Матрикс“ не влијаеше значително негативно на неговата кариера бидејќи се појави и во друга класика истата година, а тоа е филмот „Fight Club“ на Дејвид Финчер.

Кијану Ривс не бил првиот избор за „Матрикс“, овој познат актер ја одбил улогата

Филмот „Матрикс“ е еден од најпопуларните научно-фантастични филмови на сите времиња, со Кијану Ривс во главната улога. Но, Ривс всушност не бил првиот избор за улогата на Нео што го направи познат.

Популарната франшиза со текот на времето станува сè посложена, градејќи цела историја на падот на човештвото и како вештачката интелигенција би можела да ја искористи човечката раса со симулирање на реалноста, а франшизата исто така е анализирана поради коментарот за родовиот идентитет, консумеризмот и капитализмот.

Сепак, улогата требаше да му припадне на Бред Пит. Во текот на деведесеттите често избирал интересни улоги. Знаел дури и да ризикува, па ја заработил својата прва номинација за Оскар за најдобра споредна машка улога во филмот „12 мајмуни“ кој излезе во 1995 година.

Иако Бред Пит често ризикувал со изборот на улоги во тоа време, тој сепак одби да глуми во „Матрикс“ и улогата му припадна на Ривс.

Но, тоа што не глумеше во „Матрикс“ не влијаеше значително негативно на неговата кариера бидејќи се појави и во друга класика истата година, а тоа е филмот „Fight Club“ на Дејвид Финчер.

Како „Матрикс“, „Fight Club“ успеа да ја искористи ѕвездената моќ на Пит за да ја вклучи публиката во посложени културни коментари за деструктивната природа на консумеризмот, култот на насилничкото однесување и последиците од токсичната машкост.

Пит еднаш се пошегува дека „Матрикс“ не е единственото филмско ремек дело во кое му била понудена можност да глуми. Интересно е и тоа што за улогата на Нео се сметаше и Вил Смит, бидејќи веќе има постигнато голем успех во научно-фантастичните филмови и тоа „Мажи во црно“ и „Ден на независноста“.

Сепак, Смит сметал дека само ќе ја уништи улогата и затоа не сакал да глуми во популарен филм.

Најнови вести од ТВ и Филм

To top