ТВ и Филм Зимска класика

Џуд Ло навести можно продолжение на љубовната комедија „Одмор“

Филмот „Одмор“ ги следи ликовите на Камерон Дијаз и Кејт Винслет – Аманда и Ајрис, кои решаваат да ги заменат домовите за време на празниците, по тешки раскинувања. Додека престојува во шармантната англиска куќа на Ајрис, Аманда го запознава нејзиниот брат Грејм, со кого почнува романтична врска.

Џуд Ло навести можно продолжение на љубовната комедија „Одмор“

Филмот „Одмор“ (The Holiday), стана зимска класика по неговото излегување во 2006 година. Според западните медиуми, сега се подготвува и продолжение, а Џуд Ло, се чини, е отворен за идејата.

Неочекуваниот миг се случи на турнејата на режисерката Ненси Мејерс, кога таа го праша Ло – „Што мисли“ за продолжението… По кратко размислување, глумецот ѝ рече „да видам“, по што следи негово драматично ставање крпа на лицето, под очилата – како што правеше неговиот лик Грејм во филмот…

-Дали е тоа „да“, Џуд?, прашува повторно режисерката.

Видеото се прекинува пред тој да даде одговор. Но, тоа е доволно за гласините за продолжение.

Филмот „Одмор“ ги следи ликовите на Камерон Дијаз и Кејт Винслет – Аманда и Ајрис, кои решаваат да ги заменат домовите за време на празниците, по тешки раскинувања. Додека престојува во шармантната англиска куќа на Ајрис, Аманда го запознава нејзиниот брат Грејм, со кого почнува романтична врска. Во меѓувреме, во Лос Анџелес, Ајрис се запознава со композиторот Мајлс (го глуми Џек Блек).  (МИА)

To top