ТВ и Филм не за кого е речено...

Џони Деп не бил прв избор за Џек Спероу, Џим Кери пред него ја одбил улогата

Освен Кери, се вели дека многу други познати актери ја одбиле улогата во „Pirates of the Caribbean“. Меѓу нив се Хју Џекмен, Метју Меконахи, Роберт де Ниро, Мајкл Китон и Кристофер Вокен.

Џони Деп не бил прв избор за Џек Спероу, Џим Кери пред него ја одбил улогата

Џони Деп ја доби улогата на Џек Спероу во „Pirates of the Caribbean“ благодарение на неговиот колега кој ја одбил улогата.

Иако улогата на капетанот Џек Спероу е една од најпопуларните улоги што Џони Деп ги имал во својата досегашна кариера, тој всушност не бил првиот избор за „Pirates of the Caribbean“.

Оваа улога ја одбиле неколку познати актери, меѓу кои и Џим Кери, кој дури и бил на аудиција, но поради филмот „Bruce Almighty“ од 2003 година ја одбил улогата бидејќи распоредот не му одговарал.

Освен Кери, се вели дека многу други познати актери ја одбиле улогата во „Pirates of the Caribbean“. Меѓу нив се Хју Џекмен, Метју Меконахи, Роберт де Ниро, Мајкл Китон и Кристофер Вокен.

Потсетуваме, 60-годишниот актер минатата година потврди дека повеќе нема да глуми во популарната франшиза, што ги растажи неговите обожаватели. Во меѓувреме, американските медиуми пишуваа дека на Деп му биле понудени дури 300 милиони за снимање на новото продолжение. Инаку, Деп беше отпуштен од „Pirates of the Caribbean“ откако Амбер Херд го обвини за физичко и сексуално злоставување во 2018 година.

Најнови вести од ТВ и Филм

To top