ТВ и Филм поткаст

Дарио Панковски во „Ништо лично“: „Со ДНК имавме договорен заеднички настап во мај, каде тие требаше да отпеат неколку мои, јас неколку нивни песни, но судбината сакала да биде поинаку“ (ВИДЕО)

Тој е дефинитивно највисокиот уметник на македонската естрада. И еден од најдолговечните и најуспешните, не само изведувачи, туку и автори. И по изглед и по години естраден стаж и по резултатите огледани во песните. Твори полека , ама сигурно зашто секоја негова песна излезена од неговата душа станува или хит или останува евергрин засекогаш.

Дарио Панковски во „Ништо лично“: „Со ДНК имавме договорен заеднички настап во мај, каде тие требаше да отпеат неколку мои, јас неколку нивни песни, но судбината сакала да биде поинаку“ (ВИДЕО)

Тој е дефинитивно највисокиот уметник на македонската естрада. И еден од најдолговечните и најуспешните, не само изведувачи, туку и автори. И по изглед и по години естраден стаж и по резултатите огледани во песните. Твори полека , ама сигурно зашто секоја негова песна излезена од неговата душа станува или хит или останува евергрин засекогаш.

Кариерата сепак ќе ја започне како тапанар кој ќе ги има палките в рака, а микрофонот пред себе што е ретка комбинација дури и во светски рамки, а камо ли кај нас. Бонтонот отсекогаш му бил посилна страна, па така ќе се вика и неговиот прв бенд, кој ќе го лансира во естрадните височини, каде и покрај доброто воспитување, ќе останат запаметени по потсетувањето на понежниот пол дека, „Добрите девојки не го прават тоа“.

Printscreen

Сепак „меѓу сите ѕвезди“ дефинитивно ќе го лансира почетокот на соло ерата на неговиот „Миг 21“ која трае се до денес! Упорен и истраен, знаејќи дека штое негово ќе си дојде, залевајќи го етерот и со „дупла вотка“ и со „Ракија“, шетајќи по стиловите и музичките правци од урбаниот американски фанк, преку јужноамериканките латино ритми, па се до грчко-медитеранскиот мелос и балканските етно звуци на плех музиката, тој ќе создаде и испее дузина незаборавни песни за сите прилики. Поет на животот, најтешките моменти ќе ги преточи во лирика во своите вонвременски балади, а најубавите во ритам за веселба во вечните хитови, знаејќи и како да се носи искрено со среќата и како да ја носи скриено тагата во себе.

Силен и впечатлив во песните, уште повеќа на сцената во настапите и концертите, одан и верен на својот стил и публика, но уште повеќе на темелните вредности во животот, семејството и најмилите. Зашто знаел уште од дете што значи сам сиот живот да се бориш за да го создадеш и створиш она до што тешко се доаѓа дури и со туѓа помош. Успех без дамки, без афери и трачеви, без црнила и флеки ниту во кариерата ниту во приватноста. Затоа неговата големина не е само физичка и музичка, туку можеби најмногу и човечка. Можеби затоа најмногу му пречат изгубените суштински вредности во „новите времиња“, па стигна дури и во песна да го опее начинот на кој денес се живее, иако тоа, никако ниту од далеку не е!?

Printscreen

Гордо зборува за себе и својата кариера која мошне успешно повеќе од четири децении ја тера, за песните и приказните содржани во нив, за животот кој не го галел и милувал, туку напротив, многу предизвици и препреки му приредувал, за да ги мине сите искушенија и денес гордо да стои како еден од предводниците на македонската естрадна сцена.

За дружењето и соработката со ДНК и трагедијата во Кочани, за почетоците со групата Бон Тон, за првиот и последниот Макфест, за прилепените политички етикети, за немањето слух на институциите на системот за естрадните доајени, за моментот да направи регионална кариера, за љубовта со неговата жена за сто години, семејството и децата, за старите добри и овие – новите времиња во кои темелните вредности не ги препознава, за тоа дали наскоро заминува во естрадна пензија или и со бастун ќе пее на бина…

Printscreen

И за уште триста други нешта кои никаде не сте ги слушнале или не барем на нив ништо слично, во ова издание на интер ток шоуто „Ништо лично“ лице в лице со Антонио Димитриевски отворено зборуваше Дарио Панковски.

Премиерaта оди секоја среда во 20.00 часот директно на YouTube каналот на КурирМК (@Kurir.podcast), на кој и потоа во секое време можете да го погледнете сето она што сте го пропуштиле или сакате одново да го видите и слушнете во интер ток шоу серијалот „Ништо лично“ со Антонио Димитриевски.

To top