Дербито во Штип меѓу Брегалница и Македонија Ѓорче Петров донесе претпазлив фудбал без преземање на голем ризик од страна на актерите на теренот, па на крајот конечните 0:0 се најреален исход од она што се случуваше на теренот.
Тврдиот и израмнет натпревар меѓу Брегалница и Македонија требаше да биде добра шанса за Башкими за да избие на врвот, но други намери имаа играчите на Осоговор кој успеаја да приредат големо изненадување.
Натпреварот во Кочани донесе победа за домашниот тим со резултат 1:0, а интересно е тоа што во оваа рунда не ја искористи и Арсими кој ремизираше 0:0 со екипата на Детонит Плачковица.
Овој расплет направи Македонија да остане на првото место со еден бод повеќе од Башкими (57 наспроти 56), трет е Арсими со 55 бодови, а следи Брегалница со 52.