Трејлерот за новиот филм „Mission: Impossible – The Final Reckoning “ го зобиколи светот. За помалку од 24 часа, го погледнале близу 14 милиони луѓе.
Неизвесноста, адреналинот, брзината и емоциите, во комбинација со кадри кои ќе ве натераат да не трепнете за да не пропуштите ниту една секунда и дијалози кои на секоја реченица и даваат подлабоко значење, доведоа до фактот дека веќе го имаме најголемиот филм за 2025 година. А уникатниот Том Круз и овој пат докажа дека е подготвен да оди чекор понатаму во својот спектакуларен настап.
Легендарниот филмски херој Итан Хант, односно Том Круз, главниот актер во осмото продолжение на франшизата, го носи истиот костим што го носеше за време на изведбата на церемонијата на затворање на Олимписките игри во Париз, во август оваа година.
Тој настан, кој најави дека следните Игри ќе се одржат во 2028 година во Лас Вегас, ги спои спортот и уметноста на уникатен и незаборавен начин, исто како што во секоја „Невозможна мисија“ Том Круз ги комбинира физичките вештини и актерскиот талент.
Филмот „Mission: Impossible – The Final Reckoning “ во режија на Кристофер МекКвари ќе се појави во кинатa во мај 2025 година.