Познати

ЖИВОТОТ НЕ ЈА ПОШТЕДИЛ: Гоца Божиновска е родена во воз, а пораснала во шупа откако земјотресот им ја срушил куќата – сопругот ја оставил за најдобрата пријателка!

Такво не толку убаво детство имала и Гоца која зад себе има бројни хитови низ годините наназад.

ЖИВОТОТ НЕ ЈА ПОШТЕДИЛ: Гоца Божиновска е родена во воз, а пораснала во шупа откако земјотресот им ја срушил куќата – сопругот ја оставил за најдобрата пријателка!

Тешка судбина на пејачката Гоца Божиновска.

Таа имено важи за една од најскромните пејачки во регионот кои отворено зборуваат за тешкото минато кои го преживеале како деца.

Такво не толку убаво детство имала и Гоца која зад себе има бројни хитови низ годините наназад.

Родена е на 16 јануари 1965 година, а кариерата ја започнала во осумдесеттите години на минатиот век.

„Мојата животна приказна од детството па до ден денес е некоја мака. Ништо не ми било лесно додека го стекнам. Се родив во воз и уште од доаѓањето на овој свет сум на под. Одраснав во сиромаштија, живеевме во шупа, бидејќи земјотресот ни ја сруши куќата. Растевме во една соба без струја, без ниска, ситна и ненахранета. Ме викаа мало врапче. Од секогаш сонував дека ќе имам многу повеќе и знаев дека со пеењето можам да го направам тоа. Мајка ми беше домаќинка, а татко ми работеше во железница. Со сестра ми уште од мали и помагавме на мајка ми во домашните работи, а често и одевме кај богатите селјаци кои не плаќаа да им работиме по дома, а потоа се спремав и одев во училиште. Бев добар ученик и добро дете, изјавила во една прилика пејачката“.

Инаку за потсетување Гоца има три деца, од првиот брак ја има ќерката Јелена, додека Зорана и Мирко ги роди во вториот брак.

Откако му роди две деца на Зоран кој во деведесеттите години беше поврзуван со српското подземје тој ја оставил за нејзината најдобра другарка со која добил и вонбрачен син.

– Таа жена ми го уништи семејството, целиот живот. Ми беше тешко, но не се враќам на поминатото. Одлучив повеќе да не трошам време и нерви на непотребни работи. Толку драги и сакани луѓе сум изгубила што некои работи не се ниту приближно болни како таа. Можам само да кажам дека јас и таам не сме скарани и дека меѓу нас се е ОК. Треба да се радуваме, а не да тагуваме и да го враќаме филмот во минатото. Секогаш сум била толерантна и сум простувала, па така и нејзе и простив. Ѝ простив, но не заборавив. Едно е сигурно, мојот Зоран беше покрај мене до крајот, рече пејачката во една прилика.

Најнови вести од Познати

To top