Тијана Милентијевиќ, алијас Тијана Ем, целосно се деформирала. Близок пријател на Тијана за српските медиуми изјавил дека пејачката за краток период успеала да накачи 20 килограми, поради што повеќе не личи на себе.
– Тијана во последно време многу се опушти, поточно последните шест месеци. Откако влезе во емотивна врска со гитаристот од нејзиниот бенд Дарко, престана да се грижи за себе и за својата линија. Неодамна почнаа да живеат заедно, па кога не се дома, каде гледаат филмови со разни грицки, патуваат низ целиот свет, како за настапи, така и приватно. И двајцата се хедонисти, уживаат во јадењето и пиењето, па логично е масните наслаги да се лепат заедно – изјавил за Информер добро упатен извор и додал дека неодамнешното патување во Тајланд дополнително влијаело на нејзиниот изглед и вишокот што го добила на колковите, стомакот, бутовите…

– Во Тајланд Дарко и Тијана само лежеа и јадеа… Обожава да ги пробуваат специјалитетите карактеристични за областа во која се наоѓаат. По цел ден пиела коктели, а бидејќи немала физички активности, од одморот се враќала 5-6 килограми потешка, рекол изворот.

Пејачката одлучила да се обрати кај професионалец дури откако најблиските почнале да и кажуваат дека не личи на себе и дека треба итно да стане од кревет.
– И рекоа дека повеќе нема да ја нарекуваат „Жена на султанот“ туку „Жена поголема од султанот“, додал изворот.
